Џабар во кампања за масовна вакцинација против ковид-19

Џабар минатиот месец откри во јавноста дека му била извршена операција на срцето и оти боледува од рак на простата и леукемија.

306

Легендарниот американски кошаркар Карим Абдул Џабар објави дека примил вакцина против коронавирус и упати јавен апел луѓето да го следат неговиот пример.

Најдобриот стрелец на сите времиња во НБА лигата и кошаркарската Куќа на славните снимија кратко видео на кое се гледа како Џабар се вакцинира и истото од денеска ќе се емитува за време на телевизиските преноси од НБА натпреварите.






Џабар минатиот месец откри во јавноста дека му била извршена операција на срцето и оти боледува од рак на простата и леукемија.

– Мораме да изнајдеме нови начини да се заштитиме меѓусебе – кратко порача легендата на НБА лигата.

Поврзани содржини