Кафана на времето:
– Има нормално име за кафана. „Путник“, „Китка“, „Кај Наде и Благој“ дури нема ни име и сите ја викаат по името на газдата.
– Мени: плескавица, ќебапи, прасе, пиле. Ништо не е по стандард, единствено стандардно е шо газдата набавува сомнително месо. Лебот е пола леб, сечен на рака. Бел.
– За пиење има пиво, вино, шверцувано виски и домашна ракија.
– Цезар е вињак.
– Од ентериерно уредување ламперија, календар од некоја фирма со она пластичето шо се мрда за деновите и телевизор „Горење“ шо никојпат не е пуштен. Вентилација само вентилатор во кујна, да не умри готвачката на лето.
– Единствено карирано се чаршафите, единствено дрвено се масите и столиците.
– Има певалка. Женско. Цела кафана остава плата меѓу цицки, дневен промет има колку „Веро“ пред празници.
– Работно време: 15 минути дур не стигниш до 2 промили.
Кафана лани:
– Кафана нема. Има Национален ресторан, Етно куќа, Етно двособен проширен стан, Етно академија за мелено месо со име безвезе.
– Мени: 47 страници. Газдата во животот нема толку прочитано. Цел распуст му требаше менито да го прочита. Мелено месо е аут. Похована даска, месна даска, сувомесната иверица… Шо сакаш.
– За пиење сè шо можи да се клај во блендер, плус по една жолта да се отвори апетит.
– Цезар е салата, не е вињак.
– Нема леб, има нафора, потпечена нафора, фурнаринки со чија и слични курци-палци.
– Единствено карирано се кошулите на младите програмери, единствено дрвено се нивните лептир машни.
– На една просечна маса има повеќе алергии од што познавала Светската здравствена организација со 1984-та.
– Нема певалка. Има бенд. Сите облечени исто. Со наочари.
Ковид кафана:
– Најалкохолно на масата е средството за дезинфекција на раце.
– Сите четворица на маса шептите ко да спремате заговор против Третиот рајх во 1937-ма. Тој шо е малку наглув само клима со главата.
– Музиката е ко приспивни за дете од шест месеци, на минимум. Тој наглувиот од погоре прашва оти нема музика.
– Вртите муабети за ивермектин, сумамед, вакцини, ко да сте во МАНУ седнати. Тој наглувиот е од МАНУ.
– Во 6 е фајронт, ко на детски роденден на дете шо е нареден ден прва смена на школо.
– Бегате со муабет „Ај да помини ова короната еднаш“. Короната кур ја боли за вашиот муабет. Овој наглувиот не слушна шо да помини па враќа: „Не можам да поминам, ме чекаат дома“.
(ФБ статус на авторот)