Банкари танцуваа на плоштад (ВИДЕО)
Танцот е снимен пред експозитурата на Уни Банка на плоштадот Македонија.
Видео од танц на банкари од Уни Банка во Скопје споделено на Фејсбук профилот на банката предизвика реакција на социјалната мрежа.
Танцот е снимен пред експозитурата на банката на плоштадот Македонија.
„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции“ објавија банкар(к)ите во описот на видеото.
Еве дел од коментирите на овој гест на вработените.
– Ова доброволно или по службена должност?
– Она кога жирантот ќе ја исплати и последната твоја рата.
– Абе зголемете им ги платите на вработените, најмалку се платени од сите банки. Тоа вежбајте, не кореографии!!!
-Трепнете ако е мобинг.