Кубацки триумфираше на втората од четири „новогодишни“ скокалници

Во генералниот пласман на половина од новогодишната турнеја Гранеруд води со 55 бода, пред Гајгер со 551, откако денеска победникот од Оберздорф потфрли, додека Стох е трет со 547,3 бода.

267

Со рекорд на скокалницата во Гармиш Партенкирхен, Полјакот Давид Кубацки триумфираше денеска на втората од четирите скокалници, традиционалното новогодишно натпреварување, откако во Оберздорф на првата скокалница победи Карл Гајгер.

Кубацки, кој е победник на ланската турнеја „четири скокалници“, денеска скокна рекордни 144 метри и со 281,1 бод победи пред Норвежанецот Халвод Гранеруд, кој со скоковите од 137 и 126 метри освои за 7,2 бода помалку од Кубацки и заврши второпласиран.






Трет денеска беше Пјотр Жила со 260,4 бода, а Камил Стох стогна на 260 за четврто место и со тоа ја потврди доминацијата на полските скокачи во гармиш.

Во генералниот пласман на половина од новогодишната турнеја Гранеруд води со 55 бода, пред Гајгер со 551, откако денеска победникот од Оберздорф потфрли, додека Стох е трет со 547,3 бода.

Поврзани содржини