Заев: Лично му се заблагодарив на Борисов за донацијата на вакцините
Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија, напиша премиерот на Фејсбук.
По одлуката за донации на вакцини, премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека лично му се заблагодарил на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и на Владата на Бугарија и на бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест.
„Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија. Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, напиша Заев.