Изгласан Буџетот за 2021 година без присуство на опозицијата

Во дополнетиот предлог се содржани 18 амандмани прифатени во текот на расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

691

Речиси пред полноќ со 62 гласа „ЗА“ Собранието го изгласа Буџетот за 2021 година. Во собраниската сала не беа присутни пратениците од опозицијата.

Во текот на досегашната расправа, власта и опозицијата со спротивставени ставови на Предлог-буџетот за следната година. За власта, Буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период.






Опозицијата, пак, смета дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален. Со него, како што истакнаа, нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти.

Во дополнетиот предлог се содржани 18 амандмани прифатени во текот на расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

По гласањето следуваше аплауз во собраниската сала. Вкупните приходи на Буџетот за 2021 се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, додека расходите на 247,5 денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.

Поврзани содржини