Додека претседателот Стево Пендаровски го држеше годишниот говор во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со транспаренти, а потоа ја напуштија салата.
„Обраќањето на претседателот Пендаровски во Собранието беше добра прилика да му се обратиме со неколку пораки кои го отсликуваат неговото делување како владин министер“, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„- Идентитетот се продава, Стево молчи.
– Заев: Стево е неискусен политичар
– Претседател со купени гласови
– Стево слуга на Заев
– Не е мој претседател“, напиша Милошоски.