Кузеска: Мицкоски никако да ја научи лекцијата ѝ по шест порази од граѓаните

Таа вели дека Мицкоски никако да извлече поука и упорно, одново продолжува со опасните политики – не застанува на страната на граѓаните, на страната на државата и прави сè европскиот пат да не успее

351

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во континуитет од 2017 години губи на сите избори и упорно продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

– Мицкоски како носител на листата на Град Скопје на локалните избори во 2017 година беше поразен. Беше поразен и една година подоцна на референдумот во 2018 кога граѓаните одлучија да го поддржат Договорот со Грција и кажаа ДА за членство во НАТО и ЕУ. Неговата кандидатка загуби на претседателските избори во 2019 а истата година Мицкоски беше поразен и на предвремените локалните избори во Охрид и Ново Село. Пред само 5 месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени на предвремените парламентарни избори, а пред само два дена поразени беа нивните блокади и опструкции во Штип. Поразите на Мицкоски продолжија и во Собранието на Република Северна Македонија кога се гласаа уставните измени, како и кога се гласаше и за Законот на Јавното обвинителство – рече Кузеска.






Таа вели дека Мицкоски никако да извлече поука и упорно, одново продолжува со опасните политики – не застанува на страната на граѓаните, на страната на државата и прави сè европскиот пат да не успее и тоа само заради една единствена цел – да ја зачува фотелјата во белата палата.

Поврзани содржини