Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски чека покана од премиерот Зоран Заев за лидерска средба и нагласи дека нема да учествува на евентуална лидерска средба којашто би дошла по иницијатива на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Пендаровски не е лидер на политичка партија, ако е потребна поддршката на политичките партии, ние да разговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој треба да ја свика. На формат организиран од Пендаровски, не нема да учествувам на таква средба, ако дојде на иницијатива на Владата, да ќе учествувам – рече Мицкоски.