Се чувствувам изнемоштено, лошо, депресивно, вознемирено, напнато, нездраво…
Се чувствувам изнемоштено, лошо, депресивно, вознемирено, напнато, нездраво... Вака се чувствуваат голем дел од децата како последица од аерозагадувањето во урбаните средини кое е континуирано над европските стандарди и претставува алармантен проблем. Поради ова денеска, на Меѓународниот ден на човековите права, од ‘Меѓаши’ побараа итни мерки за намалување на загадувањето кое директно влијае на здравјето на децата и нивниот живот.
Првата детска амбасада во светот ‘Меѓаши’, денеска, на Меѓународниот ден на човековите права побара итни мерки за намалување на загадувањето кое директно влијае на здравјето на децата и нивниот живот.
Оттаму предупредуваат дека загадувањето на воздухот во урбаните средини е континуирано над европските стандарди и претставува алармантен проблем. Во 2019 година Македонија имаше највисока годишна концентрација на ПМ 2.5 честички во Европа и 3 400 прерани смртни случаи како директна последица од загадувањето, додаваат од „Меѓаши“.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pexels