Рикер: Членството на Северна Македонија во НАТО е огромен исчекор напред по историскиот Преспански договор

вој договор не само што покажа вистинско инспиративно лидерсто на Северна Македонија и Грција, да се разрешат долготрајните прашања таму, исто така, беше пример за поддршката на дипломатијата на САД во тие напори - изјави Рикер. 

816

Го чествуваме фактот дека дури и во година на пандемија, успеавме да ја внесеме Северна Македонија во НАТО како 30. земја членка на Алијансата, изјави Филип Рикер, американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија.

На денешното сослушување свикано од Хелсиншки комитет на САД по повод неодамнешниот Министерски состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Рикер истакна дека со членството на нашата земја во НАТО „е направен огромен исчекор напред, после историскиот Договор од Преспа“, во 2018 година. 






– Овој договор не само што покажа вистинско инспиративно лидерсто на Северна Македонија и Грција, да се разрешат долготрајните прашања таму, исто така, беше пример за поддршката на дипломатијата на САД во тие напори – изјави Рикер.

Еден од резултатите на неодамнешниот Министерски совет на НАТО беше објавуањето на извештајот „НАТО-2030“, каде се истакнуваат препораки за идниот стратешки напредок на Алијансата.

– Во историјата, НАТО остана најеминентна глобална одбранбена алијанса. Годинава славиме 70 години од формирањето, и Алијансата се покажа прилагодлива на разни стратегии во справување со заканите, проширувајќи се во вистинското време – кажа Рикер.

Ротирачкото претседателство на ОБСЕ, организација во која членуват 57 земји, од следната година го преземa таканаречената „тројка“, прва ќе претседава Албанија, потоа Полска во 2022, и Северна Македонија ќе претседава во 2023 година, истакна Рикер.

Во своето обраќање тој потсети на фундаменталните основи врз кои почиваат ОБСЕ и Договорот од Хелсинки.

– А тоа е дека секоја земја членка е одговорна да се бори против дискриминацијата, да ги брани правата за слобода на говор на своите граѓани, а државните актери треба да работат со сите релеватни играчи, како политички, граѓански и верски лидери, за промоција на инклузивност и сојузништво- истакна тој.

Додаде дека тоа е мошне важно за САД, „како голема нација и како член на ОБСЕ, која е пример, и покрај тоа што нашиот Устав е заснован на формирање на посовршен сојуз, досега не сме декларирале дека сме стигнати дотаму, стремеж кон кој сме постојано фокусирани.“

Комитетот за безбедност и соработка во Европа, или Хелсиншки комитет, е независен комитет на американската Влада во кој членуваат истакнати политички лидери назначени од претседателот на американскиот Сенат и од спикерот на Претставничкиот дом. Сегашен претседавач е Алси Хејстингс од Флорида

Поврзани содржини