Нови рестриктивни мерки во Србија, угостителите повторно на удар

Новите рестриктивни мерки ќе стапат во сила од утре.

241

Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на ковид-19, предложени од Кризниот штаб, а една од нив ќе биде угостителските објекти и оние кои имаа услужни дејности, ќе можат да работат само до 17 часот во работни денови, а за време на викенд ќе бидат затворени.

Новите рестриктивни мерки ќе стапат во сила од утре.






Предлогот на Кризниот штаб е продавниците за прехранбени производи да работат секој ден до 21 часот, вклучувајќи го и викендот. Аптеките, бензиските станици и доставувачите на храна да работат неограничено секој ден. Театрите и кино салите ќе бидат отворени секој ден до 17 часот. Пазарите ќе работат регуларно секој работен ден, а во викендите од шест часот наутро до 15 часот. Рестораните, кафулињата, ноќните клубови, трговските центри, игротеките, обложувалниците, продавниците и сите продажни објекти, козметичките и фризерските салони, фитнес центрите, спа центрите и базените ќе можат да работат до 17 часот секој работен ден, а за време на викендите ќе бидат затворени.

Поврзани содржини