Италијански институт за здравство откри кои симптоми на заразените од ковид-19 можат да бидат фатални

4,352

Италијанскиот институт за здравство ги објави најчестите типични симптоми што ги имале заразените со ковид-19, кои подлегнале на болеста, пренесува Танјуг.

Според студијата спроведена на 50.000 жртви на коронавирус во Италија, откриено е дека повеќето мртви пред хоспитализација имале – температура – 71 отсто, проблеми со дишењето – дури 73 отсто од починатите, 34 отсто имале кашлица, колитис, дијареја 8 отсто од пациентите и само 8 отсто од починатите немале никакви симптоми, пишува весникот „Фанпејџ“, кој ги објавува резултатите од истражувањето.






За разлика од обичната настинка, заразените со ковид-19 имаат треска пред да започнат со кашлање, а развојот на болеста првично е полесен отколку со сезонски грип.

Меѓу 50.000 жртви на коронавирус, пациентите страдале во просек од најмалку три други болести пред инфекцијата – најчесто висок крвен притисок, дијабетес, срцеви заболувања и деменција.

Од тројцата починати, двајца биле мажи, а просечната возраст на жртвите на вирусот во Италија е 80 години.

Според резултатите од истражувањето, главните причини за смрт кај 19 пациенти се згрутчување на крвта, прекумерна реакција на имунитетниот систем и таканаречената „бура со цитокини“, што пак може да предизвика синдром на акутен респираторен дистрес или ARDS.

Италијанскиот висок институт за здравство е најважната научна институција во областа на медицината и нејзините експерти редовно ги следат, анализираат и објавуваат резултатите за епидемиолошката состојба.

Поврзани содржини