Кузеска оди по стапките на својот колега Костадинов и шири лаги и зборува глупости. Денешната прес конференција на Кузеска е уште еден неуспешен обид на СДСМ да шири бедни спинови, за да го сокрие расколот во СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– Наместо портпаролите на СДСМ да зборуваат глупости нека се договорат меѓу себе кој е ставот на партијата дали имало или не средба во Софија. Додека Костадинов негира, премиерот во заминување Заев во изјава за медиум потврдува дека имало преговори во Софија. Очигледно од нервоза портпаролите на СДСМ како да го одбранат Заев губат контрола на реалноста – реагира ВМРО-ДПМНЕ.