Тинејџерката Евa Петровска ниже пливачки успеси и ужива во ова, како риба во вода
Ова 16.годишно девојче е најголемиот пливачки талент во Македонија, а таа самата тврди дека за тоа не е толку заслужен талентот, колку нејзината напорна работа и упорност. Иако има многу успеси, најмногу се гордее со својот настап на Централноевропското првенство, на кое освои две бронзени медали за Македонија, а зад аголот ѝ се смешка и учество на Летните олимписки игри во Токио. За да се случи тоа, вели, го дава максимумот на секојдневните тренинзи и вистински ужива, баш како риба во вода
Шеснаесетгодишната пливачка Ева Петровска неодамна постави нов апсолутен државен рекорд на 400 метри слободно на меѓународниот натпревар „13 ноември“, што се одржа во базенот „Карпош“. Таа исплива време од четири минути, 15 секунди и 84 стотинки и го презеде рекордот на поранешната олимпијка Симона Маринова и стана најсериозниот кандидат меѓу македонските пливачи за настап на Олимписките игри во Токио, во 2021.година.
Ева е мило и насмеано девојче кое почнало да плива, како и повеќето деца, по иницијатива на родителите, но како малкумина од нив, по натпреварот на кој ги освоила своите први медали, решила да го сфати пливањето како нешто повеќе од хоби и да открие колкав е нејзиниот потенцијал.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.