Во Прилеп нема потреба од карантин, смета Филипче
Тој ја поздрави иницијативата на матичните лекари од градот кои се одзваа на апелот на градоначалникот да почнат да волонтираат во болницата како би го покриле отсуството на нивните колеги лекари кои се ковид позитивни и мора да бидат во излоација.
Прилеп е во третина од градовите во нашата држава во кои се уште има благ пораст на инциденцата на новодијагнистоцирани случаи поседните две недели, во однос на оние претходни две. Но, и во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на папциенти кои доаѓаат за преглед и преием во болницата, информира министерот за здравство Венко Филипче од посетата на Прилеп каде со градоначалникот Илија Јованоски разговарале за актуелната епидемиолошка состојба во градот.
Во Прилеп нема потреба да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки, смета Филипче, бидејќи вака како што се димензионирани мерките даваат резултат. Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше состојбата за Прилеп, но и за сите останати градови низ дражавата и заклучокот е дека нема потреба од воведување на нови или дополнителни мерки.
– Со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана на групирање во текот на 24 часа постепено се олабавува ситуацијата, па затоа заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција, бидејќи не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила. Во сите земји во Европа ваква комбинација на мерки даде резултат, а тоа е задолжителното носење на маски, забраната за групирање, елеминирањето на можноста да се групираат во угостителски објекти подолг временски период – рече Филипче.
Министерот рече дека болницата во Прилеп е организирана, пациентите се сместени на 5 одделенија мобилизирани се сите лекари, медицински сестри помошно технички персонал. Тој ја поздрави иницијативата на матичните лекари од градот кои се одзваа на апелот на градоначалникот да почнат да волонтираат во болницата како би го покриле отсуството на нивните колеги лекари кои се ковид позитивни и мора да бидат во излоација.
– Очигледно е дека матичните лекари се свесни за оваа ситуација и сакаат да дадат свој придонес да се намали притисокот кон здравствените работници кои што во овој момент работат навистина со намалена бројност заради нивните колеги кои што се заболени – рече Филипче
Министерот најави дека наскоро во Прилеп ќе започне тестирање со брзи тестови на пациенти како би се одредила патеката за нивно хоспитализирање, терк кој што веќе се применува во други болници низ државата.