Стоилковски до Филипче: На 1.400 заразени терате избори во Штип како во Северна Кореја
Нехумано и срамно, пред сè за тебе, Филипче, како доктор, ако воопшто останало нешто од докторската етика кај тебе, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Венко Филипче, се слушаме ли? На 1.400 заразени дневно, вие терате избори во Штип и во Пласница? И тоа избори на кој што ќе учествувате сами, вие, партиите на власт, обвини портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Па ова го нема во Северна Кореја! Уште ли ќе велиш дека ‘сè е под контрола‘ само за да му удоволиш на Заев? Уште ли ќе водите инает на сметка на животите на граѓаните? За што, за неколку месеци? Или за спас и бегање од вистинските теми? Жртвувате животи на луѓе за спас на кариерата на Бочварски и на Заев? Со денови теравте лажна најцрна пропаганда против Христијан Мицкоски и против ВМРО- ДПМНЕ, дека опозицијата бегала од избори. Неколку пати ви укажавме на катастрофата. Еве сега се гледа што е причината. А таа, вистинската причина, е трагедија, над 1.100 смртни случаи до сега. Секој ден губење животи, секој ден илјадници нови заразени, нови трагедии во, но и пред болниците. Секој ден нови сведоштва за незамисливи хорор преживувања на цели семејства и нивниот близок во вашите ‘болници на смртта‘! А вам ви е до избори, до кампањи, до пари, до поткупи, до маркетинг. Нехумано и срамно, пред сè за тебе, Филипче, како доктор, ако воопшто останало нешто од докторската етика кај тебе“, напиша Стоилковски.