Вкупното количество на коронавирус, кој зарази 53 милиони луѓе го собира во лажичка за кафе

Целиот хаос кој се случи во светот... се сведува на лажичка проблеми – вели во својот подкаст кој се прикажува под името „Проблемот е решен“.

992

Вкупното количрство на коронавирусот со кој во светот се зарзиле 53 милиони луѓе, може да го собере во лажичка за кафе, пресметал австрискиот математичар Мат Паркер.

Со други зборови, кога би се собрале сите патогени кои досега заразиле 53 милиони луѓе во светот, би добиле волумен од осум милилитри течност, пишува Дејли Мејл, додавајќи дека една лажичка за кафе може да собере отприлика шест милилитри течност.






ТВ-математичарот Паркер изнел неколку претпоставки за да дојде до споменатиот број, тој вели дека дури и во најголемата проекција на неговата проценка целото количество на коронавирусот би успеало да го собере во чашка за ракија, што би изнесувало 45 милилитри течност.

– Целиот хаос кој се случи во светот… се сведува на лажичка проблеми – вели во својот подкаст кој се прикажува под името „Проблемот е решен“.

– Честичките на коронавирусот се многу мали, тие се само код кој ги уништува здравите клетки – појаснил Паркер.

Впрочем ковид-19 е милион пати помал од човечката клетка, А Паркер, како соработник во една научна емисија на BBC ја изработил својата проценка на бројот на клетки во секој заболен од ворусот на темел на вирусното оптоварување измерено со брисовите, односно на темел на резултатите на истражувањата објавени во медицинското списание Лансет.

Користејќи ја бројката од 300.000 нови случаи секој ден во светот и под претпоставка дека секое лице е заразено 14 дена, го пресметал бројот на луѓето кои во моментов се носители на вирусот.

Кога сѐ помножил, пресметал дека сите тие заедно во организмот имаат 3,3 квадрилиони клетки на ковид -19.

Поврзани содржини