Бајден разговараше со клучните американски сојузници во Азија
Тројца клучни сојузници на САД во Азија, јапонскиот премиер Јошидо Суга, јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и австралискиот премиер Скот Морисон им се придружија на другите лидери во признавањето на победата на демократскиот кандидат на изборите во САД.
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска за првпат, одделно, разговараше со лидерите на Јапонија, Јужна Кореја и Австралија и притоа тројцата му ја пренеле подготвеноста на нвините земји за зајакнување на соработката, особено околу климатските промени, пандемијата на коронавирусот и регионалната безбедност.
Тројца клучни сојузници на САД во Азија, јапонскиот премиер Јошидо Суга, јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и австралискиот премиер Скот Морисон им се придружија на другите лидери во признавањето на победата на демократскиот кандидат на изборите во САД.
– Бајден изјави дека со нетрпение го очекува зајакнувањето на американско-јкапонскиот сојуз и соработува во постигнувањето слободен и отворен Индо-пацифички регион – изјави Суга.
Суга и Мун изјавиле дека се согласиле да организираат самит со Бајден, веднаш по неговата инаугурација во јануари.