Кој ќе лета прв на Марс – Германец, Французин или Македонец?

3,518

Во рамките на вселенската програма на Европската Унија, направена е ракета што ќе го однесе првиот космонаут од Земјата на планетата Марс. Нормално, се распишува тендер за кандидат за прв патник за Марс и се формира тендерска комисија.

Прв се пријавува Германец и бара 1 милион евра.






– А зошто ви се 1 милион евра? – прашува комисијата.

– Па знаете… Можеби ќе се вратам, а можеби и нема. Ако не се вратам, 1 милион евра да добие жена ми.

Втор се пријавува Французин и бара 2 милиони евра. И објаснува:

– Ако не се вратам, 1 милион за жена ми и 1 милион за љубовницата.

Трет се пријавува Македонец и бара 3 милиони евра. Од комисијата му велат:

– Господине, веќе имаме две подобри понуди и ќе мора добро да го образложите вашето барање. Настрана што вашата земја не е членка на ЕУ…

Образложува Македонецот:

– Видете вака. 1 милион евра ми треба за да ја поткупам комисијата и да го добијам тендерот. 1 милион евра ќе си земам за себе. И 1 милион евра ќе му дадам на Германецот, он нека лета на Марс.

Поврзани содржини