СЗО: Рекорден број новозаболени во светот, над 50 проценти од нив во Европа

Во исто време, бројот на смртни случаи се зголеми за речиси 8.000 и достигна 1,2 милиони.

254

Во светот во изминатите 24 часа беа регистрирани повеќе од 581.000 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација. Повеќе од 50 проценти од новозаболените лица се од Европа.

Во исто време, бројот на смртни случаи се зголеми за речиси 8.000 и достигна 1,2 милиони.






Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци обезбедени од државитте.

Повеќе од 50 проценти, или 297.295 нови случаи, се регистрирани во Европа, потоа во Јужна и Северна Америка, околу 158.000, додека повеќе од 56.000 нови случаи се потврдени во Југоисточна Азија.

Поврзани содржини