Поранешна мисица парадирала топлес на јахта па се облекла кога дошла непозната машка екипа
Манекенката и поранешна Мис Универзум Оливија Кулпо (28) со денови се фали со фотографиите од одморот, a папараците во неделата ја уловиле топлес на луксузна јахта.
Оливија уживала во друштвото на нејзината четири години помлада сестра Софија и пријателката, моделот Девон Виндзор (26) во мексиканскиот град Кабо Сан Лукас. Девојките сосема се опуштиле на одморот и Кулпо одлучила да се ослободи од горниот дел за подобро да се исонча.
Но, кога дошле нејзините пријатели, Оливија ги покрила градите. Нејзината сестра и пријателката во своите секси костими за капење се фотографирале за Истаграм.
Инаку, Оливија своевремено беше прогласена и за најсексипилна и за најубава жена на светот, ги краси насловните на бројни магазини и е една од најбараните манекенки на светот.
Американската убавица во последно време честопати споделува фотографии со нејзиното момче, играч на американски фудбал Кристијан Меккафреј (24), а минатиот месец се пофали со нивни секси фотографии од одморот.