Добивка од речиси 900 милиони долари „Ремдесивир“ му донесе на производителот

„Ремдесивир“ е едно од првите лекарства, кои покажаа реална ефикасност во скратувањето на времето за опоравување на пациентите, хоспитализирани поради ковид-19.

534

Лекот „Ремдесивир“, кој се користи за болничко лекување на пациенти со ковид-19, на производителот „Gilead Sciences“ во третото тримесечие веќе му донел добивка од речиси 900 милиони долари, соопшти фармацевтската компанија.

Благодарение на продажбата на овој медикамент, првично создаден против хеморалгичната треска од ебола, компанијата забележа раст на тримесечниот обрт од вкупно 17% или 6,58 милијарди долари. „Gilead Sciences“ пресмета нето добивка од 360 милиони долари.






„Ремдесивир“, чие трговско име е „Veklury“, е едно од првите лекарства, кои покажаа реална ефикасност во скратувањето на времето за опоравување на пациентите, хоспитализирани поради ковид-19. Меѓутоа, се уште не е докажано дека ја намалува смртноста.

Американската агенција за лекарства (FDA) на 22 октомври издаде постојана дозвола за користење на лекот, со што стана единствен за лекување на ковид-19 во САД. Европа и други држави го одобрија уште пролетоска.

Поврзани содржини