Газда казнува со 10 отсто од плата ако работник заврши во самоизолација

639

Ѓуро Хорват сопственик на хрватската компанија Техникс на вработените им испратил допис дека ќе ги казни доколку завршат во самоизолација, пишува Јутарнји лист.

– Почитувани работници! Со оглед дека секој ден ситуацијата со ковид-19 е сѐ полоша, ве информирам дека компанијата Техникс ќе воведе сопствени капацитети за престој во самоизолација, односно секој кој поради сопственото невнимание се доведе во ситуација ќе биде изолиран во хотелот Крал. Лицето кое ќе биде во самоизолација ќе биде дестимулирано во износ од 10 отсто од платата. Мора да бидеме свесни и со своето однесување надвор од фирмата. Да не се загрозите себе си и својте домашни и колегите и со тоа ја доведувате во опасност стабилноста на компанијата и задржувањето на работните места. Ваш директор Ѓуро Хорват – пишува во дописот.






Директорот својте ставови се обидел да ги објасни во телевизиска емисија на ХРТ.

Тој вели дека донел мерка за дестимулација бидејќи во компанијата веќе недостигаат 20 работници.

– Неодамна казнивме вработени со 10 отсто од плата. Сметаме дека тоа е плод на несериозност, неодговорно однесување. Ако човек оди од работното место кон дома, ако оди од кафуле до кафуле, ако самиот предизвикува нездрав живот, тогаш мора да понесе одговорност – вели Хорват.

Поврзани содржини