Даниел Димевски, кој беше советник за спорт на премиерот Зоран Заев, објави дека се кандидрал за претседател на Македонскиот олимписки комитет и рече дека 70 отсто од спортските организации стојат зад него.
Тој своевремено беше претседател на Кошаркарската федерација на Македонија кога националниот кошаркарски тим го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија и е носител на државен орден за заслуги во спортот.
Димевски во јавноста е познат и по тоа што Антикорупцсиката комисија отвори предмет,а е поднесена кривична пријава до Основното јавно обивнителство кое треба да истражи дали покрај корупциските и неморални елементи има и криминални.
Според порталот Спорт1 Димевски е сопственик на фирмата „Олимпик доо“ Скопје додека бил советник на премиерот го зел под закуп лизгалиштето на спортскиот центар „Кале“ и просторот околу него со Договор за закуп од почетокот на годината. Лизгалиштето е сопственост на државата со која управува ЈП за стопанисување со спортски објекти кое е формирано од владата.
Според пишувањето на порталот, ЈП за стопанисување со спортски објекти, лизгалиштето на Кале со површина од 5.700 м/2 без надомест на 30 години го издал на Лизгачката федерација на Македонија, а кратко потоа и целиот простор околу лизгалиштето на приватната фирма на Даниел Димевски. Димевски требало да плаќа по 600 евра месечно како надомест, а притоа имал можност да изврши пренамена на објектот.
За Антикорупциска која отвори предмет за ова беше спорно што функционер на Владата земал под закуп простор кое е сопственост на ЈП за стопанисување со спортски објекти јавно кое е формирано од Владата.
За овој случај е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обивнителство кое треба да истражи дали покрај корупциските и неморални елементи има и криминални. Спорно, според пријавата, која има дополнување од пред еден месец е тоа што фирмата на советникот и порано имала договор за закуп со јавното претпријатие при што останала должна за околу 2,5 милиона денари, а според Правилникот за издавање на спортски објекти јасно е наведено дека: „Правно лице кое по било кој основ има неплатени доспеани обврски кон ЈП, не може да се стекне со својство на закупец“.