Починати се 14 лица, 404 се новозаболени, а 182 се оздравени од ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8, Прилеп 25, Тетово 41, Струга 4, Велес 6, Битола 4, Охрид 11, Кавадарци 5, Гостивар 20, Гевгелија 9, Струмица 29, Крива Паланка 2, Кочани 18, Пробиштип 3, Берово 6, Виница 2, Делчево 4, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 2, Неготино 9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти.
Починатите се од Прилеп (77), Куманово (76 и 66), Крива Паланка (65), Скопје (80), Гевгелија (51), Кочани (83), Струга (66), Битола (68), Ресен (52 и 83), Виница (67), Берово (67), Тетово (59). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26.394, бројката на оздравени пациенти е 18.430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7.067. Денеска се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 11.201, активни 3.388
Куманово 2.095, активни 310
Дебар 319, активни 57
Штип 1.529, активни 190
Прилеп 1.054, активни 302
Тетово 1.897, активни 395
Струга 771, активни 80
Велес 488, активни 136
Битола 525, активни 171
Охрид 593, активни 159
Кавадарци 411, активни 158
Гостивар 1.096, активни 140
Гевгелија 317, активни 169 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 сестрански државјани)
Струмица 705, активни 419
Крива Паланка 201, активни 74
Радовиш 199, активни 74
Крушево 21, активни 1
Кочани 632, активни 210
Пробиштип 155, активни 25
Демир Хисар 71, активни 10
Македонски Брод 98, активни 3
Пехчево 57, активни 9
Берово 185, активни 49
Валандово 92, активни 42
Виница 162, активни 58
Делчево 226, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 34, активни 8
Свети Николе 447, активни 69
Кичево 475, активни 122
Ресен 222, активни 53
Неготино 116, активни 58 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.524 теста се преку: ИЈЗ 797, ЦЈЗ Скопје 48, Авицена 225, Биотек 107, МАНУ 119, Клиника „Жан Митрев“ 114, Систина со PCR метода 102 , лабораторија Лаор 0, Судска медицина 0, ЦЈЗ Битола 0, Инфективна клиника 3, ГАК 9, Синлаб 0, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 233.137 тестирања на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 167
Гази Баба – 420
Аеродром – 656
Карпош – 522
Центар – 507
Кисела Вода – 395
Ѓорче Петров – 276
Бутел – 140
Шуто Оризари – 25
Студеничани – 7
Сарај – 21
Арачиново – 10
Илинден – 61
Сопиште – 27
Чучер Сандево – 14
Петровец –20
Зелениково – 8
Странец – 22
Нераспределен- 90