Во изминатите 24 часа во Франција регистрирани се 32.427 нови случаи со ковид-19, што е најголем дневен број на новозаразени од почетокот на пандемијата.
Починале 90 лица и вкупната бројка на смртни слулаи во таа земја порасна на 33.392, јавува Le Parisien, пренесува хрватски Индекс.
Во Франција во моментов хоспитализирани се 10.399 пациенти заразени со ковид-19. Меѓу нив 1.868 се на интензивна нега. Само денеска на интензивна нега се примени 175 пациенти.