Додека коронавирусот беснее во земјава СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со фотографии наТвитер се расправаат и меѓусебно се обвинуваат кој не партиските состаноци и собири не носи маски.
Министерот за здравство Венко Филипче наТвитер објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која се гледа дека дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.
– Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот – напиша Филипче.
Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, пак возвратија со фотографии на кои се гледа дека и состаноците на СДСМ не се почитуваат мерките, односно членовите на партијата не носат маски и не држат дистанца.
Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, пак возвратија со фотографии на кои се гледа дека и состаноците на СДСМ не се почитуваат мерките, односно членовите на партијата не носат маски и не држат дистанца.