Груби: Премиер е еден, тоа е Заев, еден е и првиот потпретседател на владата, а тоа сум јас, нема драма
Немаше никакво инсистирање, ни драма , ниту пак станува збор за суета кога се дефинираше функцијата прв вицепремиер, рече првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за ТВ24, прашан дали неговата позиција „прв вицепремиер“ значи некаков приоритет над останатите потпретседатели во владата.
– Напротив, моја задача, освен што го заменувам премиерот, е и да придонесам во координацијата на сите ресори и во кохезијата на реализацијата на владините задачи. Владата не е ниту двонационална, ниту двоетничка, ниту е влада на Македонци и Албанци, туку на граѓаните на С. Македонија и е составена од СДСМ, ДУИ и другите партии кои се дел од коалицијата. Нема никакви поделби во владата, има само многу подобра, поконструктивна атмосфера и поефикасно се работи. Министрите одговараат пред Собранието, пред граѓаните и пред владата. Премиер е еден, тоа е Заев, како што е еден и првиот потпретседател на владата, а тоа сум јас – рече Груби.