Бројот на новозаразени со коронавирусот во Австрија и во Хрватска постојано расте, а во изминатите 24 часа се регистрирани 1.346 нови случаи, односно 748.
Ова е најголема бројка од почетокот на епидемијата во Австрија, која почна кон крајот на февруари. Во споредба со средата минатата недела, бројката претставува раст од 33 проценти. Најголем број новозаразени лица повторно има во Виена – 402, што е исто така нов рекорд. Потоа следува Долна Австрија со 234, што е нов рекорд и за таа покраина и Тирол со 184. Во последните 24 часа починале 11 лица, така што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 872. Од почетокот на епидемијата во Австрија вкупно се заразиле 58.879 лица.
Рекордни 748 новозаразени од ковид-19 и четири смртни случаи се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа. Во моментов има 3.210 активни случаи во Хрватска, од кои 441 пациент е во болница, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Од хоспитализираните, 27 пациенти се на респиратор. Од 25 февруари вкупно 21.741 лице е заразено со новиот коронавирус во Хрватска, од кои 334 починале. Вкупно се излекувани 18.197 лица, од кои 308 во последните 24 часа. Во моментов има 16.598 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 372.683 лица, од кои 6.448 во последните 24 часа.