Пуштена во употреба втората делница на далекуводот меѓу трафостаниците  Неокази и Пробиштип

Во проектот се вложени 2,45 милиони евра, преку заем од ЕБОР и сопствени средства на АД „МЕПСО“.

752
 АД „МЕПСО“ денеска ја пушти во употреба втората делница на далекуводната врска меѓу трафостаниците  Неокази и Пробиштип. Дел е од новиот 110-киловолтен далновод Штип – Пробиштип, изграден на трасата на стариот, кој беше во функција речиси половина век.





Во проектот се вложени 2,45 милиони евра, преку заем од ЕБОР и сопствени средства на АД „МЕПСО“.
– Во вонредни услови и во период со многу ограничувања и предизвици, во целост и успешно завршивме регионално значаен енергетски проект – нов 110-киловолтен далековод, на трасата на стариот далековод кој беше во функција 48 години.  Со оваа инвестиција овозможивме Пробиштип од електроенергетски аспект да добие одлични предиспозиции за привлекување инвестиции, со што ќе се отворат нови рабиотни места во економската зона – рече генералната директорка на АД „МЕПСО“ Ева Шуклева.
Таа додаде дека вкупно ќе бидат изградени 130 километри нови далноводи и ќе бидат вложени околу 15 милиони евра. 
Премиерот Зоран Заев на официјалното пуштање истакна дека се работи за капитална инвестиција во нова и модерна дистрибитовна мрежа која, како што рече, ќе донесе бројни придобивки за  реалниот секор и за населението од источниот дел на земјата и ќе креира услови за долгорочно и квалитетно снабдување со електрична енергија за Пробиштип, Штип, Кратово, Свети Николе, Крива Паланка и Злетово, како и за целосна енергетска функционалност на индустриската зона Неокази во која веќе има голем инвестотор од металопреработувачката индустрија.
Поврзани содржини