Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев по победата против Косово и пласманот во финалето на Лига нации од сегментот Д, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм со порака до своите фанови.
– Уште еден чекор до остварување на нашите соништа. Македонија вечна – напиша Пандев.
По синоќешната победа, Македонија е само на чекор да испише историја и да се пласира на Европско првенство.