На кратовчанка ѝ украле златни ланчиња од вратот, кавадарчанец се обидел да ограби аптека
На 22.09.2020 во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на ул„11 Октомври“ во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот ѝ биле одземени две златни ланчиња.
СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево од слобода лиши тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
На 22.09.2020 во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на ул„11 Октомври“ во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот ѝ биле одземени две златни ланчиња. По преземени мерки од страна на полициски службеници сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињата.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На бул.„В.С.Бато“ во Скопје вчера во 01.35 часот пред аптека бил приведен А.В. (22) од Кавадарци, кој се обидел да изврши тешка кражба во аптеката.
Од МВР денеска соопштија дека лицето е задржано во полициска станица и известен е јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.