Што му порача Царовска на синчето Давид и другите деца за првиот училишен ден?

Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце - му порачала Царовска на синот Давид.

1,927

Утринава министерката за образование и наука, Мила Царовска заедно со својот сопруг го испратија нивниот син Давид на првиот училишен час во трето одделение. Таа во својата објава на „Фејсбук“ му порача:

– Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце – му порачала Царовска на синот Давид.






Министерката исто така упати порака и до сите ученици кои денеска ќе тргнат во училиште и за кои новата учебна година ќе биде многу поразлична од останатите.

– Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно! – вели Царовска во својата објава на „Фејсбук“.

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и…

Мила Царовска 发布于 2020年10月1日周四

Поврзани содржини