Викендот без ДДВ ќе биде на 10, 11 и 12 октомври

Во три неработни денови граѓаните ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, вели премиерот Заев во интервју за Локално.

799

Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викендот без ДДВ за сите граѓани, најави премиерот Зоран Заев.

– Продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет таа ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени – вели премиерот Заев во интервју за Локално.






За четвртиот пакет мерки што ќе биде донесе денеска, Заев истакна дека во следните три месеци ќе се обезбеди директна помош и поддршка за работниците и за стопанството.

– Нема да застанеме на ова, туку ќе продолжиме уште повеќе да помагаме на работниците и на компаниите. Оваа недела го претставуваме четвртиот пакет антикризни мерки кои во следните три месеци ќе обезбедат директна помош и поддршка за работниците и за стопанството. Ги опфаќаме најсиромашните граѓани, за да ја зголемиме нивната потрошувачка моќ, но и поддршката за компаниите, за да даваат плати и да ги задржат работниците. Помошта за платите во најпогодените сектори и за зачувување на работни места ќе продолжи. Дополнително, ќе има стимулативни мерки за враќање отпуштени работници во време на кризата – истакнува премиерот.

Тој додава дека платежни картички ќе добијат пензионерите со пензии под 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самохраните родители. Паралелно со ова, следува засилено финансирање на капиталните инвестиции во чија реализација ќе бидат ангажирани домашните компании.

Поврзани содржини