Во Србија се урна авион „Миг 21“ (ВИДЕО)

Некои српски медиуми објавија дека пилотот загинал, но официјална потврда сè уште нема.

800

Српски воен авион „Миг 21“ утрово се урна при извршување редовна задача за летање во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, соопшти српското Министерство за одбрана.

На местото на несреќата е испратена екипа на Службата за пребарување и спасување на Военото воздухопловство и ПВО, како и надлежните органи.






Според сведочењето на локалното население, се слушнал силен удар, проследен со чад и оган, објави локалниот портал „ИнфоЛо“

Некои српски медиуми објавија дека пилотот загинал, но официјална потврда сè уште нема.

Поврзани содржини