Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја прокоментира ситуацијата со Лионел Меси. Капитенот на Барселона беше многу блиску д трансфер во Сити ова лето, но тоа не се оствари.
– Мислам дека Лео јасно ги објасни своите чувства и немам што да додадам. Тој е играч на Барселона, клуб што го сакам. Немам што да додадам – изјави Гвардиола.
На прашањето дали Сити ќе се обиде да го потпише Меси како слободен агент следното лето, шпанскиот стручњак одговори: „Не знам“.