Пожар беснее кај спортската сала „Борис Трајковски“
Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не постои опасност од ширење на пожарот. Состојбата е под контрола - изјави Симоновски.
Гори депонијата кај СЦ „Борис Трајковски“. Три противпожарни возила, а осуммина пожарникари во моментов го гаснат пожарот, но иако е зафатена помала површина, пожарот е проблематичен за гасење, вели за Канал 5, Владимир Симоновски, командант на скопската Бригада за противпожарна заштита.
– Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не постои опасност од ширење на пожарот. Состојбата е под контрола – изјави Симоновски.