Ова е лажна пандемија! Германците повторно протестираат против мерките за ковид-19 (ВИДЕО)
Повеќе противници на мерките за коронавирусот, повеќе од 10.000, се собрале во Минхен, во двојно поголем број од тоа што било пријавено.
Протестите против владините мерки за борба против ширењето на коронавирусот се одржани во неколку германски градови во саботата, а протестите, според наводите на полицијата, течеле мирно.
Повеќе противници на мерките за коронавирусот, повеќе од 10.000, се собрале во Минхен, во двојно поголем број од тоа што било пријавено.
Претходно полицијата во градот сопрела една поворка бидејќи учесниците не се придржувале до мерките како носење заштитни маски.
Организаторот на протестот, здружението “Куерденкен 089”, ги повикало учесниците на поворката да си заминат и повторно да се соберат на Терезијското поле, центарот на денешните протести.
На ова место се одржува Октоберфест, кој оваа година е откажан поради пандемијата на коронавирусот.
Говорниците на протестот ја обвиниле германската влада за ширење на страв од “лажната пандемија” и “кршење на човековите права поради носење на заштитни маски”.
Помали протести со околу илјада учесници бил одржани во Хановер и Вајсбаден.
Истовремено, синдикатите и мировните здруженија организирале антипротести, во главно против екстремно десничарските сили, кои обично маршираат на протестите против владините анти-корона мерки.
Кон крајот на август, во текот на протестите против владините мерки во Берлин, имало инциденти на екстремните десничари, кои се обиделе насилно да влезат во зградата на Рајхстагот во која е сместен германскиот Бундестаг.