Работниците открија дупка од 4 метри при реконструкција на булеварот Александар Македонски (ВИДЕО)
Дупката е длабока четири метри, а информацијата ја сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Во текот на изведувањето на денешните градежните активности со гребење на дел од асфалтот, работниците налетале на дупката која за среќа не се отворила додека булеварот целосно се користеше за сообраќај.
Дупката е длабока четири метри, а информацијата ја сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Кога некоја инфраструктура не се одржувала повеќе од 40 години, тогаш изгледа за жал дека е многу нормално при реконструкција да наидете на дупка длабока 4 метри. Само среќа ги чувала сите кои поминувале по булеварот Александар Македонски, а патот не пропаднал. Веќе започнавме со санација и нема да доцниме со реконструкцијата“, напиша Шилегов на својот фејсбук профил.
Кога некоја инфраструктура не се одржувала повеќе од 40 години, тогаш изгледа (за жал) дека е многу нормално да при…
由 Петре Шилегов 发布于 2020年9月12日周六