На улица Пелинце во Скопје, вчера полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишна малолетничка од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја. Таа била приведена во полициска станица и со неа бил извршен разговор во присуство на родител.
Претходно, на улица Венјамин Манчуковски во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана. И тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор.