Филипче: И јас ги следам протоколите, син ми е деветто одделение и ќе следи настава онлајн

Министерот за здравство рече дека кога ќе има услови за физичко присуство и неговиот син ќе оди на училиште.

1,256

Министерот за здравство Венко Филипче за да ги поттикне родителите да ги почитуваат протоколите и одлуките на владата за почеток на учебната година, информира дека и тој е родител на дете кое оди во деветто одделение и ги почитува препораките.

Тој рече дека неговиот син кој е деветто одделение треба да следи онлајн настава, а ќе оди на училиште тогаш кога ќе се создадат услови за тоа.






– Здравјето ни е приротет. Целта е да не дозволиме трансмисија на вирусот. Моето дете е во погорните одделенија, односно е деветто одделение и треба да следи онлајн настава. Јас лично ги почитувам сите препораки. Кога ќе има услови за физичко присуство, така и ќе оди на настава. Има и деца кои за време на дружбите користат маски, па ги охрабрувам и другите да го прават истото – рече Филипче.

Поврзани содржини