Експлозија на гас урна зграда во Русија, има жртви и повредени ВИДЕО
По експлозијата на гас и пожарот, зградата се урна од шестиот кат до приземјето. Според најновиот извештај, едно лице починало, а четири се тешко повредени. Жена и дете се останти под урнатините.
Четиринаесет станари се спасени по експлозијата на гас во станбена зграда во градот Јарослав, североисточно од Москва, јави регионалната служба за итни случаи, пренесе Тасс.
– Четиринаесет станари се спасени од зградата, од кои петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините – соопшти регионалната служба за итни случаи.
По експлозијата на гас и пожарот, зградата се урна од шестиот кат до приземјето.
Според најновиот извештај, едно лице починало, а четири се тешко повредени. Жена и дете се останти под урнатините.
Се верува дека експлозијата била предизвикана од протекување на гас.
Во тек е истрага на несреќата, а отворена е и кривична постапка затоа што „давателот на услугата не ги исполнил неопходните безбедносни барања“.
#Russia: At least 1 dead in natural gas explosion in residential apartments block in Yaroslavl. Building partially collapsed https://t.co/sHEIp4iKIS pic.twitter.com/bt2jflOWVU via @ura_ru#Russia 🇷🇺
— Watchman (@Judmir3) August 21, 2020