Си купувал со украдена картичка дури 19 пати
Го нападнал обезбедувањето во банка, а не сакал да ги почитува мерките.
ДРОГА ВО ЏЕБОТ – На 18.08.2020 во 02.45 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три ќеси со марихуана. Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица се пронајдени шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА ВО ВОЗИЛО – На 17.08.2020 во 17.20 часот, на бул.„Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „ренџ ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П.(22) од Скопје, полициски службеници пронајдоа и одзедоа ќесе со марихуана. Возачот и сопатникот М.Р.(19) од Охрид се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЗАТВОРЕНИК БИЛ НА ВИКЕНД СЕ ВРАТИЛ СО МАРИХУАНА – На 17.08.2020 во 14.30 часот, вработен во КПУ Затвор „Тетово“, во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа, при преглед на затвореникот И.М.(32) од Гостивар, кој се вратил од викенд, му била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.
ЗАКАНУВАЧКИ ПОРАКИ НА ФЕЈСБУК – На 17.08.2020 во 12.00 часот А.А.Б.(49) од Скопје пријавила дека на 16.08.2020, околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ примила порака со заканувачка содржина од „Фејсбук“ профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ГО НАПАДНАЛ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ВО БАНКА, А НЕ САКАЛ ДА ГИ ПОЧИТУВА МЕРКИТЕ – На 17.08.2020 во 12.40 часот Б.А.(34) од Велес, вработен како обезбедување во банка, пријавил дека додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Б.Ш.(52) од Велес. Според пријавеното, на нападот му претходела вербална расправија поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19 од страна на пријавениот. Тој бил приведен во Полициската станица Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
УКРАЛ КАРТИЧКА И СИ КУПУВАЛ СО НЕА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(30) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 27.07.2020 во згодна прилика, пријавениот одзел картичка сопственост на Н.Р. од Скопје, по што со неа преку ПОС терминали на повеќе места низ градот извршил 19 трансакции, со што прибавил противправна имотна корист за себе, а на штета на Н.Р., во износ од 73.500 денари.
ШВЕРЦУВАЛ МИГРАНТИ И ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА – Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С.Р.(23) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 14.08.2020 околу 21.40 часот на регионалниот пат Струмица – с.Дабиље, на влезот на с.Дабиље, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Ново Село“, при вршење службени дејствија, било сопрено патничко возило „алфа ромео 156“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.Р., при што во возилото биле пронајдени 12 мигранти, и тоа девет од Сирија и три од Палестина.
ГО НАПАДНАЛ И МУ ГИ ЗЕМАЛ ПАРИТЕ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.Ј.(24) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 04.08.2020 во Кочани на ул.„Стамен Манов“, пријавениот, заедно со М.Л., влегол во куќа сопственост на Е.М. од Делчево и одзел пари. Притоа бил забележан од А.М., син на оштетениот, кој се обидел да му ги одземе парите, но бил физички нападнат од пријавениот.
УАПСЕН ДИЛЕР ВО ГОСТИВАР – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.П.(48) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.08.2020 во Гостивар, од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од марихуана, дробилка и куршум калибар 7.62×25 мм.
БИТОЛЧАНЕЦ НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Т.Н.(52) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 15.08.2020 во с.Крани, пријавениот, заедно со Г.Т. од Битола, билe забележани од полициски службеник од Полициската станица Ресен, како ја прескокнуваат оградата за да излезат од црквата Св. „Богородица“ во с.Крани. Полицискиот службеник се обидел да ги сопре, но Г.Т. побегнал кон возилото со кое биле дојдени, а Т.Н. со штрафцигер го нападнал, но полицискиот службеник успеал да го совлада пријавениот.
ИЗЛЕГЛА И НЕ СЕ ВРАТИЛА ДОМА – На 17.08.2020 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека се оддалечила А.Е.(17) од Скопје, која во повеќе наврати се оддалечувала и се враќала назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.