Комерцијална банка: Еуростандард банка нема обврски кон нас
Од банката оваа информација ја споделуваат во јавност, како што велат, да се спречат можните шпекулации, по прес-конференцијата на Трифун Костовски.
Комерцијална банка АД Скопје нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на Еуростандард банка, соопштија денеска од Комерцијална банка.
Од банката оваа информација ја споделуваат во јавност, како што велат, да се спречат можните шпекулации, по прес-конференцијата на Трифун Костовски.
„Еуростандард банка нема обврски кон Комерцијална банка. Точно е дека компанијата Гофи користи долгорочен кредит од Комерцијална банка во износ од околу пет милиони евра. Побарувањето на Комерцијална банка по овој кредит е обезбедено со т.н. зграда на Поштенска банка и со дел од зградата Палата Македонија. Зградата на Еуростандард банка не е под хипотека во Комерцијална банка, како што можеше да се стекне впечаток од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција,’ се наведува во соопштението на Комерцијална банка.