МБА: Банките се подготвени да ги преземат клиентите на Еуростандард банка
Пензионерите и корисниците на парични права треба само да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и не е потребно да побараат одјава, велат од МВА.
Македонската банкарска асоцијација информира дека во соработка со институциите нејзините членки ги превземаат сите потребни активности за да им излезат во пресрет на потребите на клентите корисници на банкарските услуги од Еуростандард банка АД Скопје.
Оттаму информираат дека вработените лица, пензионерите, корисниците на парични права од социјална и детска заштита и лицата кои остваруваат приливи по други основи имаат можност да изберат една од банките во која би сакале во иднина да ги добиваат приливите на парични средства.
– Пензионерите и корисниците на парични права треба само да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и не е потребно да побараат одјава – велат од МВА.
И не само за депозитните, банките и штедилници се отворени за рефинансирање и на кредитните производи на клиентите на „Еуростандард банка“ АД Скопје во согласност со нивните деловни политики.
Македонска банкарска асоцијација повторува дека банките и штедилници се и остануваат сигурни и стабилни.