Васил Гарванлиев вечерва во 19 часот на неговиот официјален јутуб канал ја објави најновата песна и видеозапис за „ПриКазна“. Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна „YOU“, со која Васил требаше да настапи на 65-то издание на Евровизија во Ротердам.
Автор на музиката е пејачот, текстот е на Тања Брковска, додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски. За видеозаписот се погрижија Digital Box продукција од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши.
Приказна е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.