Шекеринска: Нашите тројца мировници во Либан се безбедни

Во мисијата на Обединетите Нации УНИФИЛ во Либан се ангажирани тројца припадници на Армијата, но тие се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

258

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил информираше дека нашите мировници во УНИФИЛ во Либан се безбедни.

Во мисијата на Обединетите Нации УНИФИЛ во Либан се ангажирани тројца припадници на Армијата, но тие се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.






– Сочувство за сите жртви и повредени во разорната експлозија во Бејрут, со надеж дека повредените, меѓу кои и морнарички мировници на УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, ќе закрепнат што побргу – напиша Шекеринска на Фејсбук.

Поврзани содржини