По вчерашата куса средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, на која лидерот на СДСМ Зоран Заев ја добил поддршката за партијата да биде дел од владината коалиција, според телевизија 21, тој остварил и други средби далеку од очите на јавноста.
Од СДСМ за телевизијата брифирале дека Заев се сретнал и со претседателите на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши.