Педесет и деветгодишниот холивудскиот актер и оскаровец Шон Пен се ожени со австралиско-американската актерка Лејла Џорџ на приватна церемонија.
Јавноста дозна за венчавката откако нивна пријателка им ја честиташе венчавката на Инстаграм, објавувајќи фотографија од нивните бурми и порачувајќи им: „Вие сте судени еден на друг“.
Лејла и Шон се заедно веќе четири години и таа е 31 година помлада од него.
Легендарниот актер претходно беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 и со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година и со неа има две деца.